Семејството на Кико, кој неодамна почина, а за кој беа собрани донации и се одржа хуманитарен концерт, донираа парични средства за лекување на малиот Стефан, во висина од половина милион денари, објави јутјуберот Стефан Лазаров.
„Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500.000 денари. Ова е од Кико за Стефан. Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави“ напиша Лазаров на Фејсбук.