ФК Вардар се враќа на градски стадион, со сезонски билет навивачите ќе помагаат за клубот

Фудбалскиот тим Вардар кој од следната сезона ќе игра во Првата лига, освен камбекот меѓу најдобрите екипи, се враќа и на градскиот стадион, националната арена „Тодор Проески“.

Како што веќе е познато, нови сопственици на клубот се навивачката група „Комити“, а прв чекор на нив им е преку купување билети да се помогне за најтрофејниот македонски клуб.