Театарска режисерка и професорка по Глумечка игра на Факултетот за драмски уметности, Зоја Бузалковска вечерва гостува во „Трилинг“, а во централна тема на разговорот ни е новата претстава во Драмски театар „Чудна случка со кучето во ноќта“.
На почетокот на разговорот професорката го истакна своето незадоволство околу малиот буџет со кој се соочуваат режисерите во Македонија.
– На пример оваа година беше објавено во сите насловните страници дека јас имам добиено најмногу средства за мојата претстава „Иванов“ во велешкиот театар, а тоа беше навистина смешно мал буџет. Кога кажувате во некој поразвиени театарски средини луѓето се чудат. Ние навистина сме магионичари што (со ваков буџет) воопшто успеваме да извадиме нешто и на крајот, потценет е трудот на соработниците кои прифаќаат да соработуваат заради добрата идеја, а не заради достојните услови кои ги имаат за да соработуваат, вели Бузалковска.
На прашање од водителката за заземањето на став во соседството од личностите од естрадата, Бузалковска вели дека уметниците најмоќно преку делата може да ги кажат нештата. Но, според неа треба капацитет да се препознае и чуе нешто.
Она што го живееме во овој момент е генерално неразбирање на културата и уметноста во едно општество. Тоа го гледаме и по она што излегува, како резултат и постојано имам чувство дека никако не можеме да ги размавтаме крилата и да летнеме. Немаме начин да ги кажеме нештата, избегнувам да зборувам во бројки, а токму бројките кажуваат кој е односот на државата кон уметноста, продолжува професорката.
Целото интервју може да го погледнете во продолжение: