„Циркусот на Курти на штета на граѓаните го доведе Косово во изолација“

Независниот пратеник во Собранието на Косово, Хаки Абази изјави дека непромислените одлуки на премиерот Албин Курти нанеле голема штета на граѓаните и ја загрозуваат позицијата на Косово во односите со ЕУ и меѓународните партнери.

Тој на Фејсбук изјави дека Курти „со својот циркус“ го доведе Косово во изолација и и овозможи на Србија да ги подобри односите со меѓународната заедница.

„Циркусот на Курти е во корист само на Вучиќ и на длабока штета на Косово, неговите граѓани и односите со меѓународните партнери! Косово не му должи изолација или осуда на Курти од демократскиот свет за непромислените одлуки засновани на владејачки консензус. Од изолацијата на Србија од ЕУ земјите, се претвори во изолација и мерки кон Косово само поради систематските грешки во дијалогот и неизразувањето на интересот на нашата земја“ – оцени Абази.

Тој смета дека одлуките на Курти за ситуацијата на северот, како и недостатокот на демократија во Парламентот и владејачката партија, се многу опасни за Косово.