Земјотрес со јачина од 4 степени во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Босна и Херцеговина во 03:54 часот, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 3 километри.

Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки институт, епицентарот на земјотресот бил на 20 километри југозападно од Требиње.

Освен во Босна и Херцеговина, земјотресот го регистрирале и сеизмолошките центри во Хрватска.

Засега нема податоци за жртви или за причинета материјална штета.

Како што пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина земјотресот траел кратко, но силно се чувствувал.