Пригожин ги откажа договорите, Вагнер повеќе нема да се бори во Украина
Платениците на Вагнер повеќе нема да се борат во Украина откако Пригожин ги откажа договорите со Кремљ.
Шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, одбил да потпише какви било договори со Кремљ, изјави шефот на комитетот за одбрана на Думата, цитиран од руските државни медиуми, пишува Sky news.
Новинската агенција ТАСС го цитира Андреј Картаполов дека како резултат на ова одбивање, на Пригожин му било кажано дека неговите борци повеќе нема да учествуваат во украинската војна.
РИА пренесува и дека „уште пред настаните од 24 јуни, Пригожин бил информиран дека Вагнер нема да учествува во специјалната операција“.
Картаполов е цитиран како укажува дека бунтот бил предизвикан од несогласување околу договорот.
„Неколку дена пред обидот за бунт, Министерството за одбрана соопшти дека сите формации кои вршат борбени задачи мора да потпишат договори со Министерството за одбрана“, наводно рекол тој.