Јакимовски: Од ВМРО-ДПМНЕ нека кажат колку членови на високото раководство, градоначалници, директори земале дипломи од кај Мерко?

Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на својот Фејсбук профил објави став околу три актуелни прашања во земјава.

Го пренесуваме неговиот ФБ статус:

„Австрискиот амбасадор видно возбуден бидејќи нивната фирма не можела да наплати 4.5 милиони евра. Дали знаете Ваша Екселенцијо колку милиони евра нас ни наплаќаат со помош на судски инженеринг (од прв до последен) и тоа на божја правдина, а пред очите на целата македонска јавност?

Вас не ве жалиме затоа што сами си го баравте оти тоа е вашето реформирано судство (по ваш терк).

Додека имавме судство по теркот на Јосип Броз Тито имавме и правда.

2. Изненаден сум од изјавата на Претседателот Пендаровски кој неможел да се изначуди како самите си се блокираме на европскиот пат, демек ако не го промениме уставот и не ги внесеме “Ганчовците” сами себе ќе сме се блокирале.

Не е фер претседателе зошто Бугарите се изживуваат со нас, а вие наместо во одбрана на овој народ и држава уште ни товарите и вина.

3. Деновиве ВМРО-ДПМНЕ упати многу прашања до СДСМ и ДУИ во врска со Мерко.

Еве и јас да дадам скромен придонес во многуте прашања: Нека каже ВМРО-ДПМНЕ колку членови на високото раководство, пратеници, градоначалници сегашни и бивши и директори имаат дипломи од Мерко?

Се надевам дека ова беше чесно прашање“.