Утре MПЦ излегува на протест, а од нашата црква бараат заштита на семејните вредности и децата.
Иако власта ретерираше за двата спорни закони, Законот за матична евиденција и за родова еднаквост, црквата не се предомисли за утрешниот протест. Викарниот епископ стобиски г. Јаков повика на масовност за заштита на семејните вредности и децата.
Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација испрати остра осуда на повикот за протест на Македонската православна црква. Сметаат дека се прави јавен притисок кон повлекување на предлог-законите од собраниска процедура.
– Со донесувањето на овие закони ќе се подобрат граѓанските права и ќе се унапреди еднаквоста на жените и на родово маргинализираните групи на сограѓани. Тоа се наши граѓани и граѓанки кои, за жал и спротивно на општото уверување, сѐ уште не можат да ги остварат своите фундаментални права подеднакво како и мнозинството граѓани. Без вакви закони, ЕУ ќе биде уште подалеку, демократијата уште позагрозена, а живеењето во Македонија небезбедно за половина од нејзиното население, велат од невладините. – велат од невладините организации.
Пратеничката Маја Морачанин која е една од седумте пратенички предлагачи на законските измени и дополнувања на законот за матична евиденција вели дека непотребно се создава конфузија во јавноста, бидејќи се работи за два различни закони.
Законот кој што го поднесоа пратениците од владејачкото мнозинство за изводот во родени да стои графа за род сега за нив е неприфатлив, а за законот за родова еднаквост кој што се уште е во фаза на драфт-верзија побараа широка дебата и да се земат предвид сите мислења.