
Српскиот вицепремиер и министер за финансии, Синиша Мали денеска изјави дека државата ќе помогне во лекувањето на маж чија ќерка започнала кампања за собирање пари за неговото лекување со продажба на крофни.
– Имаме пари, ќе помогнеме. За тој случај дознав синоќа, човекот не ни се обрати за помош, но денеска ќе му биде разгледана документацијата. Жалам што порано не контактирал со државните институции. Секако дека ќе помогнеме – изјави Мали како гостин во утринската програма на ТВ Пинк.
Тој посочи дека нема личност или институција на која државата не помогнала, што, како што рече, го покажавме последните три години преку помошта што ја даваме.
Мали се осврна и на помошта за болните деца, велејќи дека во моментов се издвојуваат 40 пати повеќе пари за болните деца чија здравствена состојба бара лекување во странство.