(Видео) Црквата се мобилизира, најавува протест под слоганот „Имаме должност да спречиме менување на реалноста“

Црквата се мобилизира, најавува протест под слоганот „Имаме должност да спречиме менување на реалноста“. Светиот архијерејки синод на МПЦ – ОА повкува на сенареден протест против Законите за родова еднаквост и за матична евиденција.

Собирот е закажан за в четврток во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а причините детално ќе ги образожат утре на посебна прес-конференција.

Во видео-обраќање поглаварот на МПЦ г.г. Стефан обвини дека се прави обид законитие да се донесат брзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, особено на жените и децата. Вели дека било укажано на низа спорни елементи од стручната фела и граѓаните во предложените закони, но оти тие не биле земени в предвид.

Со оглед дека МПЦ-ОА ретко се одлучува да коментира општествени и политички теми, а уште поретко да организира протести, во дел од јавцноста се отворија дилеми дали потегот на Синодот е мешање во секуланиот карактер на државата.. Но, новинарот Бранко Ѓоргевски, кој долги години ги следи односите на цркавата и државата, вели дека верските заедници имаат право да искажат свој став и не гледа ништо спорно во најавениот сенароден собир се додека тој се одвива мирно, без говор на омрза и без политички злоупотреби, иако укажува на ризикот од дополнително продлабочување на поделбите.

Од Министерството за труд и социјала за Канал 5 посочуваат дека Законот за родова еднаквост кој е во нивна надлежност е сеуште во работна верзија и дека по одржаните 18 јавни трибини во моментот се вградуваат предлози кои произлегле од нив, меѓу кои и забалешките дадени од претставници на дел од македонските епархии. Не сакаа да го коментираат собирот кој го најавува МПЦ-ОА, но потенцираа дека целта на Законот, кој во неколку наврати беше критикуван од црковни лица, е обезбедување еднакви позиции на мажите и жените во општеството. Предлог-законот за матична евиденција, пак, кој е во надлежност на Министерството за правда е повлечен од Собранието во март минатата година на доработка, и во моментот не е во процедура.