Бујар Османи: Членството на Рамиз Мерко во ДУИ е замрзнато, институциите да започнат истрага

ДУИ бара од државните институции да започнат сеопфатна истрага за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за сите можни тврдења и информации, истакна министерот за надворешни работи (МНР), Бујар Османи на денешната прес-конференција, по соопштението на Стејт департментот преку кое македонската јавност дозна дека Мерко заврши на „црната листа“ на САД.

„ДУИ ги повикува сите државни институции, во соработка со меѓународната заедница, да започнат истрага за сите политички партии, од претседателите до најниските ешалони на партиите, бидејќи само на тој начин ќе може да се бориме против корупцијата“, изјави Османи.

Тој додаде дека ДУИ ја прекинува изборната активност во Струга, се додека не се создадат услови за тоа.

– Само на тој начин може да се бориме против корупцијата и против злоупотребата во партиските препукувања. Со ова даваме поддршка на САД да продолжи со своите антикорупциски активности, истакна денес Османи.