Маричиќ: Секој сигнал од стратешкиот партнер треба сериозно да се земе во предвид

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ изјави дека секој сигнал од стратешкиот партнер САД треба сериозно да се земе, а институциите да се познимаваат со наводите на Стејт департментот кој струшкиот градоначалник Рамиз Мерко го стави на „црната листа“ на САД за голема корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството.

„Треба сериозно да го разгледаме тоа, нашите институции да се позинимаваат со тоа и секој сигнал од нашиот стратешки партнер треба сериозно да се зема. Околу политичките чекори и натамошните институционални чекори треба да каже политичката партија на која и припаѓа Мерко и надлежните институции. Принципиелно треба да го земеме сериозно секој сигнал од нашиот стратешки партнер “, рече Маричиќ.

Министерот за финансии и сопартиец на Мерко, Фатмир Бесими одби да коментира за струшкиот градоначалник и информира дека ДУИ денеска ќе излезе со став.