Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, соопшти дека ги поканил на средба во Брисел претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.
Борел на Твитер напиша дека ги повикал на итен состанок за изнаоѓање решение и излез од актуелната криза.
Тој рече дека на сите им е потребна итна деескалација, како и нови избори на северот.
„Ни треба итна деескалација и нови избори на север со учество на косовските Срби. Ова е најважно за регионот и ЕУ“ – рече Борел.
I have called the leaders of Serbia @predsednikrs & Kosovo @albinkurti to Brussels for urgent meetings to find the way out of the current crisis
We need immediate de-escalation & new elections in the north with participation of Kosovo Serbs. This is paramount for the region & EU
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) June 22, 2023