Страшна експлозија во Кина, најмалку 31 лице загина, седум се повредени

Најмалку 31 лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас што се случи во ресторан во северозападна Кина.

Експлозијата се случила синоќа околу 20:40 часот по локално време во Јичанг, додека луѓето се собирале за време на фестивалот на бродот змеј.

Една жена за локалните медиуми изјавила дека била на околу 50 метри од ресторанот кога слушнала силен звук. Рекла дека од ресторанот почнал да излегува чад, додека во воздухот се чувствува силен мирис на готвење, пишува Аваз.

Таа додаде дека од зградата по експлозијата истрчале двајца келнери и дека еден веднаш се урнал.

На неколку лица им биле укажани изгореници и исекотини од скршено стакло.

Несреќата е под истрага.

Кинескиот претседател Си Џинпинг бара повредените да добијат сеопфатен третман и да се изврши безбедносна проверка.