
Тој што го криеше целиот криминал и корупција на Мерко и другите, сега живее во Струмица, вели поранешниот министер за финансии и политичар Џевдет Хајредини на својот фејсбук профил.
Ова се дел од пораките на Хајредини:
„Заев беше тој што, за да дојде и да и остане на власт, се сложи да се забрани објавувањето на снимките за кривичните дела врзани и што произлегуваат од нелегалните прислушувања“.
„Тој што ја криеше корупцијата на Мерко и другите, сега седи во Струмица.“
„Пред правосудството генерален ремонт потребен е за Владата и премиерот“.
„ДУИ беше единствена партија која, не многу одамна, се осмели да спроведе внатрепартиски ветинг. Стејт Департментот, изгледа, со ова не е запознат.“
„Мерко сега може да стане заменик на Али, како што Теута стана, откако САД не ја примија за амбасадорка“.
„Ковачевски револтиран од судството: Како е можно САД на илјадници километри да имаат информации што ние ги немаме за Мерко. Дури и за Теута, САД, илјадници километри оддалечени, имаа информации што ги немаме и не ја прифативме за македонски амбасадор.
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вчера имал обврски и затоа општината за првпат по 23 години не го одржа денот на охридското езеро . Но, ова немаше да биде вест за медиумите кои го побараа и очекуваа дека ќе добијат одгвори како и зошто тој се најде на црната листа на соединетите американски држави. Во, негово име одговорија службите.
Од кабинетот на градоначалникот Рамис Мерко велат чествувањето на денот на Охридското Езеро е откажано поради неодложни обврски на градоначалникот.
Пред два дена, струшкиот градоначалник се најде на црната листа на САД.