Семејствoто Христовски одново е во шок. По 2 месеци неизвеност и прашања како и зошто почина нивната шест годишна ќерка во битолската болница денеска добија известување дека за смртта е виновно нејзинтото здравје, а не болничкото лекување и лекарите во кобната смена, објави Телма.
Исражителите се откажуваа од гонење на лекарите за кривичното дело Несовесно лекување болни. Ваквиот заклучок го темелат на извештајот од Институтот за судска медицина во кој експлицитно е наведено дека во постапувањето на медицинскиот персонал кој го лекувал девојчето не се содржани елементи за пропуст.
-Имено, согласно вештиот наод, утврдено е дека постапките на сите здравствени работници кои биле вклучени во лекувањето биле во согласност со сите правила и начела на медицината. Имајќи го предвид ваквото вештачење кое беше засновано на целокупната медицинска документација, здравствената историја на починатата и наодот од обдукција, како и исказите на испитаните здравствени работници и на родителите, обвинителството достави известување до семејството дека во конкретниот случај нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување, се вели во известувањето на обвинителтсвото.
Девојчето починало од инфаркт што го предизвика пневмонија, а нејзината смрт нема причинско последична врска сo примената инфузија како што се сомневаа родителите. Овие тврдења се содржани во обдукционот наод. Но, со ваквата одлука не се согласува семејстовото Христовски. Најавија сопствена експертиза и нова битка за докажување на вистината.
Материјалите врз основа на кои се вршеа сите вештачења се наоѓаат во обвинителскиот предмет и ќе им бидат достапни на оштетените со цел доколку имаат потреба да извршат и независна експертиза, е последната порака во известувањето за семејстовто Христовски. Јана, почина на 22 март само неколку часа откако родителите ја донесоа во Детското одделение во Битолската болница, како што тврдат со симптоми на блага настинка. Велат дека состојбата нагло и се влоши по промената инфузија и обвинија за лекарска грешка. Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет за овој случај и побара обдукција. Смртта на Јана предизвика голем револт и бура од реакции во јавноста, во неколку наврати беа организирани и протести на кои се бараше одговорност за прерано згаснатиот живот.