Секој полнолетен мора да се вакцинира против Ковид во Австрија
Сите Австријците кои се постари од 18 години од денеска ќе мора да се вакцинираат против Ковид-19. Во спротивно, следуваат високи парични казни – мерка без преседан во Европската унија.
Новата мерка е усвоена од парламентот на 20. јануари, а вчера потпишана од претседателот Александар Ван дер Белен.
Во земјата во ноември започна брзото ширење на сојот Омикрон. Владата одлучи да продолжи да го следи својот нов, построг пристап, и покрај критиките.
Стапката на вакцинација во Австрија се уште не е зголемена и е пониска отколку во Франција и Шпанија.