Србите не се откажуваат од своите барања – жителите на Звечан и Северна Митровица пак се собраа пред општинската зграда
Протестот на Србите влезе во 15-ти ден и не се откажуваат од барањата косовските специјалци да се повлечат од општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, да си заминат нелегитимните градоначалници, како и ослободување на Душан Обреновиќ и Радош Петровиќ.кои беа уапсени за време на протестот на 29 мај.
Жителите на Звечан и Северна Митровица денеска се собраа пред општинската зграда за мирно да протестираат поради нивното незадоволство од насилните акции на Приштина на север, доаѓањето на косовските специјалци и наметнувањето на нелегални албански градоначалници избрани на избори на кои излезеноста беше само околу 3,5 отсто и кој Србите го бојкотираа.
Силниот дожд утринава не ги спречи граѓаните да се соберат масовно пред барикадата што КФОР ја постави околу општинската зграда во Звечан.
Војниците на КФОР неодамна отстранија дел од бодликавата жица што ја направи областа околу општината опасна.