Девојче потрошило 60.000 евра за игри на телефон

Девојче од Кина (13-годишно) потрошило 60.000 евра, пари на родителите, за плаќање и купување на игри на телефон, објави Бизнис Инсајдер.

Мајката на девојчето увидела кога ја проверила својата банкарска сметка која наместо 60.000 евра, имала само шест центи. Девојчето освен за себе, вршело плаќање за игри и за најмалку 10 соученици.

Девојчето објаснило дека ја поврзало картичката на својата мајка на својот мобилен телефон и на тој начин потоа ги вршело сите плаќања, но не знаела колку потрошила.