Инзаги: Заслуживме повеќе, но им симувам капа на Сити

Интер е вицешампион на Европа откако во финалето од Лигата на Шампиони загуби од Манчестер Сити со 1-0 во драматичен натпревар кој многу лесно можеше да заврши и на друг начин доколку „нероаѕурите“ ги искористеа своите шанси пред голот на Едерсон.

За тоа говореше и тренерот на Интер, Италијанецот Симоне Инзаги кој вели дека неговиот тим одиграл одлично, но едноставно топката не сакала да влезе во голот.

„Одигравме одличен натпревар и треба да бидеме горди на тоа. Не треба да мислиме „што би било кога би било“. Го гушнав секој играч поединечно, беа неверојатни, како и нашите навивачи. Заслуживме друг резултат, но се надевам дека навивачите се среќни од тоа како екипата одигра. Ги видовте последните 25 минути, топката не сакаше да влезе во гол. Тоа се случува, а нас ни се случи во финалето од Лигата на Шампиони. Погодивме пречка, една топка искочи од линијата, имавме и удар кој го погоди соиграчот. Се се случи. Против Манчестер Сити игравме со своите сили и тоа го правевме многу, многу добро. Со овој дух, организација и посветеност мислам дека повторно ќе бидеме тука. Заслуживме повеќе, но им симувам капа на Сити“ – вели Инзаги.