Ѓоковиќ доминантен за седмо финале на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Ролан Гарос откако денес со 3:1 во финалето го совлада Карлос Алкараз кој во овој момент е број еден на АТП листата.

Aлкараз имаше сили само за посериозен отпор во првиот и вториот сет. Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6:3, а потоа следуваше сетот во кој Алкараз го играше најдобриот тенис. Вториот сет заврши во корист на Шпанецот со 7:5.

Тогаш следуваше една повреда на младиот тенисер која веројатно и го одлучи мечот.

По повредата на Алкараз, Ѓоковиќ започна да доминира на теренот и Алкараз никако не можеше да ја врати играта од вториот сет. Третиот и четвртиот сет Ѓоковиќ ги доби со по 6:1 и сигурно го приведе мечот кон крајот.

За Ѓоковиќ ова ќе биде седмо финале на Ролан Гарос, a oваа победа му беше 20-та во низа на грен-слем турнирите.