Порака на Ердоган: Западот ги влошува работите меѓу Москва и Киев!
Претседателот на Турција – Реџеп Тајип Ердоган го обвини Западот дека ги „влошува работите“ меѓу Москва и Киев.
„За жал, Западњаците досега не пружија никаква помош за решавање на конфликтот. Тие само ги влошија работите“ – изјави тој по враќањето од Киев.
Ердоган оцени дека американскиот претседател Бајден „досега не можеше да покаже позитивен пристап во овој процес“.
Според турскиот претседател, само поранешната германска канцеларка Ангела Меркел „навистина би можела да има решение“.
„Покрај неа, засега нема други лидери. Нема потреба да се именуваат други“ рече Ердоган.