Полициската управа поради нови пријави за бомби во училишта, градинки и уште неколку државни институции соопшти дека ги презема сите активности во нејзина надлежност.
„Полициската управа на Црна Гора ги презема сите активности од нејзина надлежност во врска со пријавите за поставени експлозивни направи во повеќе институции во Црна Гора. Јавноста ќе биде навремено информирана за исходот“ – соопшти Управата на полицијата на Твитер.
Да потсетиме, наставата во сите училишта во Црна Гора денеска ќе се организира онлајн, поради мејловите со заканувачки содржини кои пристигнале на адресите на тие образовни институции, соопшти Министерството за образование.
Во неколку црногорски училишта во повеќето градови утрово пристигнаа и извештаи за поставени бомби.
На адреси на полицијата и на повеќе медиуми утринава пристигнале мејлови дека во повеќе институции во Црна Гора биле поставени канистри со отровен нервен гас.
Во мејлот е наведено дека канистерите се поставени во Вишиот суд во Подгорица, Прекршочниот суд, Основниот суд во Подгорица, Основниот суд во Бар, Прекршочните судови во Котор и Будва и Царинската управа.