Азем Власи: Курти припаѓа на втората генерација почитувачи на сталинизмот и енверизмот

Поранешниот политичар Азем Власи го обвини премиерот на Косово, Албин Курти дека припаѓа на втората генерација обожаватели на сталинизмот и енверизмот бидејќи тој не ги слуша сугестиите на Америка.

Според Власи, од 1999 година, Приштина никогаш немала позаладени односи со Американците од сега, пренесува Коха.

Според Власи, ова најдобро го покажува инаетот што Курти во последно време го покажува во однос на состојбите на северот, не слушајќи ги советите на меѓународниот фактор.

„Ако Американците имаа одлучувачка улога во ослободувањето и во државноста на Косово, кога предлагаат нешто за да не се создаде проблем, бидејќи нивното внимание е насочено кон тоа што се случува во Србија, особено во однос на Украина, имаме да слуша. Ама Курти со својот инает остава впечаток дека не ги ни слуша Американците.Тој е припадник на втората генерација почитувачи на сталинизмот и енверизмот на Енвер Хоџа кои во тоа време во Албанија го сакаа Сталин повеќе од Господ, Курти и припаѓа на таа генерација и тој вирус на противење на Американците остана“, рече тој.

Власи изјави и дека почитувањето на Уставот не се покажува со инаугурацијата на нови градоначалници во општините, со зголемување на тензиите и со иритирачки односи со меѓународните пријатели.

„Ако остане да се почитува Уставот со инаугурацијата на новите претседатели на северот, тешко на Уставот и уставноста. Од 1999 година наваму никогаш не сме имале позаострени односи со Американците од сега. Се плашам дека инаетот на Курти предизвика непоправлива штета“, рече тој.