„Ковачевски не знае кај тера, свика состанок за предлозите кои на лидерска ги одби. Претседателот Христијан Мицкоски даде предлог за преодна влада без ДУИ, и уставни измени со одложено дејство, откако Македонија ќе стане членка на ЕУ. Ковачевски тој предлог го одби, а сега свикува состанок“ велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако Ковачевски го одби тој предлог, претседателот Мицкоски даде втор предлог, избори, формирање на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, поддршка за националните прашања од опозицијата, барање на гаранција од европските институции за македонскиот многувековен идентитет, и барање од Бугарија да имплементира 3 пресуди од ЕСЧП. Ковачевски и ова го одби“ се вели во партиското соопштение.
„Откако Ковачевски виде дека заглави во слепа улица, тој се сврте кон свикување на состаноци. Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се единствен излез за Македонија, тие значат и интеграција на државата во ЕУ и зачуван идентитет“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.