Трилинг: Д-р Сашко Јовев го одби министерот Меџити, вели „не сум јас за во кабинет, туку за со пациенти“
„Уште ништо не е договорено, она што може до некаде може да внесува оптимизам е што воопшто се одржа лидерска средба. За овие 32 години ако направевме пристојна држава, нашите позиции во преговорите ќе беа посилни“, смета новинарот Ерол Ризаов во вечерашното издание на Трилинг.
„Јас им припаѓам на своите пациенти, не сум јас за во министерски кабинет, ја одбивам понудата. Платата на директор на клиника без дежурства е околу 80.000 денари, а со дежурства и со дополнителни часови, речиси дупло“ вели проф. д-р Сашко Јовев кој деновиве е актуелен во јавноста.
Ерол Ризаов – долгогодишен новинар и хроничар на политичките случувања од осамостојувањето, па до денес, проф. д-р Сашко Јовев, екс директор на Клиниката за кардиохирургија и човекот кој го предводеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце, Ирена Мулачка – главна и одговорна уредничка на веб порталот „Фокус“ и Димитар Османли – консултант и претприемач се соговорници во новото издание на Трилинг.