Според последните информации, две лица починале на лице место како последица од тешки прострелни рани. Две лица загинаа во престрелка во Љубљана, јавува ljubljanainfo.com.
Околу 15.00 часот љубљанската полиција добила информација за пукањето. Две лица загинаа, а насилникот е во бегство. Полицијата трага по него.
Според првите информации од полицијата, сторителот побегнал од местото на настанот, а подоцна од полициската управа Љубљана соопштија дека на теренот е пронајден мртов маж за кој сметаат дека би можел да биде сторителот. Утврдувањето на сите околности се уште е во тек“, соопштуваат оттаму.
Полицијата го обезбеди местото на настанот и прибира информации за инцидентот. Полицијата најпрвин извести дека се повредени две лица, но подоцна соопштено е дека починале поради тешките повреди.
– Се замолуваат граѓаните да ги следат упатствата на полициските службеници и да не ја попречуваат работата на итните служби со престој на местото на настанот. Кога ќе се знаат повеќе информации, јавноста ќе биде информирана за тоа – соопштија од полициската управа на Љубљана.