Во владино соопштение се информираме дека на покана на премиерот Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Средбата е закажана за 7 јуни 2023 година (среда) во Клубот на пратеници во 11 часот, велат од таму.
„На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи“ се вели во владиното соопштение.