Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.