Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во вечерашното гостување во „Топ тема“ на „Телма“ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека се здружиле за да ја блокираат нејзината програма. Арсовска вели дека
Градоначалничката Арсовска ги обвини ВМРО ДПМНЕ и СДСМ дека заедно сплотени сакаат да ја блокираат нејзината програма. Како што таа истакна во Топ Тема на Телма Тв, причина за тоа е што од самото осамостојување на државата, „на граѓаните им се продава гол популизам од страна на секој премиер, министер и градоначалник“.
Иако беше повеќепати прашана, градоначалничката не сакаше да открие како толку брзо се распадна нејзината соработка со ВМРО-ДПМНЕ, партијата со чијашто поддршка беше избрана на функцијата. Откако ја поддржаа на локалните избори, Арсовска ја обвини најголемата опозициска партија дека нејзините директори биле „фатени со рачињата во медот“, а претседателот на партијата Мицкоски го нарече „рекет број еден“ во Македонија.