Арсовска: Рекет број 1 пред Новак Ѓоковиќ е Христијан Мицкоски

Попладнево продолжи седницата на Советот на Град Скопје каде се расправа за изгорениот мост „Брегалница“.

Градоначалничката Арсовска возврати на советничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска која рече дека ниту тие како советничка група ниту граѓаните до денеска не добиле никаква информација во врска со изгорениот мост.

„Рекет број 1 пред Новак Ѓоковиќ е Христијан Мицкоски. Точка“, рече градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

„Има двајца во моментов. Новак Ѓоковиќ е на трето место на АТП листата“, дофрли Славевски.

„Зборам за нашиве простори тука, најсакан рекет е Новак Ѓоковиќ, но за жал тој е само на второ место. После Христијан Мицкоски. Мицковизмот си заминува во историјата, госпоѓо, Марија. Неквалификувајте знаат граѓаните знаат која е најкримналната структура, најкриминалната партија во државата. И тие што не знаеле дознале“, вели Арсовска.

„Ако продолжиме вака ќе дојдеме до девојачки мост“, дофрли претседателот на Советот.