Девојката од таксито го излажала убиецот од Младеновац дека е бремена за да ја поштеди

Жената која беше во таксито што го киднапираше убиецот Урош Блажиќ по масакрот во Младеновац денеска беше сослушана пред Вишото јавно обвинителство во Смедерево, каде кажа дека ја измислила бременоста откако убиецот го киднапирал возилото, бидејќи таа се плашела дека ќе ја убие, објави Блиц.

Како што пренесува српскиот медиум, таа раскажала дека бременоста ја измислила откако Урош Блажиќ го запрел таксито во кое била патничка, за да се спаси. Според нејзините тврдења, Урош Блажиќ и се заканувал со смрт на неа и на таксистот.

– Таа рече дека Блажиќ имал две бомби со себе и им се заканил дека ќе ги фрли. Решила да го излаже дека е бремена за да се спаси и себе и таксистот – вели изворот на Блиц кој е запознаен со истрагата.

Исто така, таа денеска одговараше на прашања во колку часот Блажиќ влегол во автомобилот, како и каде влегол во возилото, да опише како изгледал, како и да каже дали го видела оружјето на Блажиќ и кое.

Според информациите, исказ во обвинителството дал и нејзиниот сопруг кој по киднапирањето ја чекал на наплатна рампа.