Туристички брод потона во езеро во Италија, четворица загинати

Најмалку четири лица загинаа откако брод со повеќе од 20 патници, меѓу кои и туристи, потонал за време на силните ветрови на езерото Маџоре во северна Италија, објавија локалните медиуми.

Според информациите, едно лице се уште се води како исчезнато.

Бродот се превртел во неделата вечерта меѓу Сесто Календе и Арона, јавуваат италијанските медиуми.

Италијанската противпожарна служба соопшти дека 19 лица се безбедни и дека потрагата по исчезнатите продолжува.

Пет лица биле пренесени во болница откако биле спасени. Непотврдени информации од италијанските медиуми велат дека патниците на бродот биле Британци, Италијанци и Израелци.

Атилио Фонтана, претседател на регионот Ломбардија, рече дека „многу сериозниот инцидент“ се должи на лошите временски услови.