Туристички автобус во Бугарија се преврте, 5 лица се тешко повредени

Се преврте туристички автобус на автопатот „Тракија“ во регионот на Бургас, јави БТВ.

Според првичните информации има 12 повредени. На местото на настанот се испратени полициски патролни екипи и возила на Итна помош, пишуваат бугарските медиуми.

Сообраќајката се случила околу 17 часот, најверојатно поради тоа што 45-годишниот возач заспал, автобусот првично удрил во билборд, а потоа се превртел во канал покрај патот.

Во возилото имало 17 патници, двајца возачи и туристички водич, кои се враќале од патување во Виена.

Според првичните податоци, во болница се пренесени 12 патници, од кои пет се во потешка состојба.

Десната лента на автопатот во моментов е затворена за сообраќај.