Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од парламентот да ги прекине сите односи со Иран на 50 години, бидејќи таа земја ја снабдува Русија со беспилотни летала и друга воена опрема.
„Кон Иран треба да се применат посебни економски и други рестриктивни мерки во период од 50 години“, се наведува во нацрт-резолуцијата предложена од Зеленски, пишува Гардијан.
Зеленски, како што рече, се решил на тој чекор по денешниот најголем напад со дрон врз Киев.
Украинските власти објавија дека Русија користела беспилотни летала Шахед од Иран, за нападот.
Руската армија лансираше повеќе од 40 беспилотни летала во Киев, главниот град на Украина, кои синоќа беа соборени од системи за противвоздушна одбрана, при што загина едно лице.
Претходно, украинските медиуми објавија дека експлозии се слушнале во бројни региони, вклучувајќи ги регионите Житомир и Суми, и дека е прогласена воздушна тревога во поголемиот дел од Украина, вклучително и Киев и Киевската област.