НБА тимот на Бостон селтикс е на прагот на огромна сензација откако од 3-0 негатива во финалната серија на Истокот, со поени во последната секунда стигнаа до драматична 104:103 победа над Мајами хит, благодарение на Дерик Вајт, и сега ќе се игра мајсторка за патникот во големото финале.
Бостон рано утринава успеваше да оддржи минимална предност во текот на целиот меч, пред во последната четвртина да дојдат на 10 поени предност. Но, Хит, предводени од Батлер се вратија во игра и израмнија во последната минута. Но на Селтикс им преостанаа уште три секунди. По тајм-аутот, Маркус Смарт промаши тројка, Вајт ја фати одбиената топка и во едно движење ја протна топката низ обрачот. Иако на почетокот се чинеше дека доцни, се покажа дека ја испушти топката на десет минути пред крајот.
Тејтум со 31 поени беше најдобар кај Селтикс, Браун уфрли 26, додека кај Мајами, Батлер беше најефикасен со 24 поени.
Мајсторката се игра во Бостон ноќта помеѓу понеделник и вторник во 2:30 часот.