Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во соопштение до медиумите информираа дека лидерот Христијан Мицкоски бил спремен за лидерска средба. Овој одговор на опозицијата доаѓа откако денеска премиерот во изјава за медиумите потенцираше дека планира да го покани Мицкоски на лидерска средба.
„Кога станува збор за националните и државни интереси на Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е подготвен да разговара во било кое време.
Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.