Армијата беше ставена на највисоко ниво на борбена готовност поради насилството на Курти врз Србите на северот на Косово и Метохија.
Претседателот на Србија и врховниот командант на српските вооружени сили, Александар Вучиќ, потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на вооружените сили на Србија на највисоко ниво и им наложија итно движење во правец на административната линија со Косово и Метохија.
Вучиќ на овој потег се одлучил поради насилството што специјалната полиција на Албин Курти го спроведува врз српскиот народ во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.
Исто така, шефот на државата побара од НАТО итно да престане со насилството врз Србите.