Момче среде лет ја отворило вратата на авионот, шест патници завршиле во болница

На социјалните мрежи се појави видео од летот на јужнокорејската авиокомпанија „Азијана ерлајнс“ на кое вратата се отвори среде летот, непосредно пред слетувањето.
Според официјални лица на авиокомпанијата, инцидентот се случил откако патник, кој седел во близина на излезот, признал дека ја допирал рачката на вратата.

За среќа, ниту еден од 194-те лица не бил повреден или исфрлен од авионот, но некои патници ги фатила паника, предизвикувајќи проблеми со дишењето.

Поради тоа, шест патници биле пренесени во болница по слетувањето.

Засега нема информации за оштетување на авионот.