Трилинг: Потребен ли е надворешен гарант во однос на границите со бугарското мешање?

„Бугарија води една политика на активна конфротација, потребен е надворешен гарант во однос на границите на бугарското мешање. Како понатаму ќе течат уставните измени, дали можеби ќе се оди на ситуација да се разговара не веќе со партии, туку поединечно со пратеници“ – истакна Александар Спасеновски, универзитетски професор во најновото издание на Трилинг.
„Тој процес на немање политичка култура и парламентарна култура на работење заедно за националните интереси за државата без оглед дали е позиција или опозиција, ние имаме нетранспарентност и неотчетност.
Мислам дека во Скопје во моментов се живее како стаорци под постојан притисок. Во групи, не многу чисто дефинитивно нехумано” – појасни Жанета Трајковска, директорката на Институтот за комуникациски студии.
„Секој досега кој што правел дивоградби и се дрзнувал да изгради на диво одреден објект мислам дека ќе размисли неколкупати дали да отпочне со тоа. Можеби недостасуваше еден дел од самата реализација на проектот да се одвои во делот на поголема транспарентност и објаснување на граѓаните”  – вели градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски
„Секаде постоеле `функционери` или тогаш удбаши агенти, а денес нешто друго, агенти имало тогаш има и денес, кои што земаат да работат работи кои што не им се работат” – вели режисерот Саше Серафимовски.

Гледајте Трилинг, вечерва во 20:45 на ТВ24.