Рекорден број ковид-случаи денеска во Русија, Чешка и Словачка соопштија тамошните здравствени власти – најпогодени од варијантата Омикрон.
Во Русија, бројот на дневни случаи се искачи на 141.883, а еден ден претходно беше 125.836. Работната група на владата регистрирала 678 смртни случаи во последните 24 часа.
Русија има повеќе од 680.000 починати од почетокот на пандемијата, што е еден од најлошите смртни биланси од коронавирус во светот.
Чешка вчера имаше 57.195 нови случаи, што рекорден број од почетокот на пандемијата. Чешкото Министерство за здравство регистрирало 9.775 случаи на повторна инфекција во земјата со 10,7 милиони жители.
Во Словачка за еден ден се пријавени повеќе од 20.000 нови случаи на инфекција, по првпат од почетокот на пандемијата. Словачка, земја со 5,5 милиони жители, евидентираше 20.224 новозаразени, од кои околу 61 отсто се невакцинирани.