Миовски е повреден, нема да игра против Англија и Украина

 

Заврши сезоната за македонскиот фудбалски напаѓач Бојан Миовски откако тоа го потврди самиот тој социјалните мрежи.

Миовски мораше да биде заменет откако врз него остро стартуваше гостинскиот фудбалер Смол, па не беше извесно дали станува збор за нешто потешка повреда.

Според информациите, по фаулот, кај Миовски настрадал глуждот на левата нога, но иако нема фрактура, сепак повредата треба да се третира и за него сезоната е завршена.

„За жал, предвреме ја завршив сезоната со повреда на зглобот а добрата вест е дека нема скршеница, утре ќе имам дополнителни прегледи на лигаментите. Ви благодарам на сите за пораките, ќе се вратам посилен“ – порача Миовски.

Повредата на Миовски доаѓа во лош момент, бидејки тој нема да биде на располагање на селекторот Милевски за дуелите перотив Украина и Англија кои се играат следниот месец.