Џа Морант суспендиран од страна на неговиот клуб

Иако му се предвидува голема НБА кариера, Џа Морант е суспендиран од страна на неговиот клуб, Мемфис поради недолично однесување и појавување со пиштол во јавноста.

Сега 23-годишниот кошаркар ја збуни јавноста со објавите на неговиот Инстаграм профил. Имено, тој објави неколку фотографии од најблиските и НБА микрофонот со порака „збогум“. Сепак, набрзо веројатно сфаќајќи дека испраќа пострашна порака ги избриша сите освен онаа со микрофонот од најсилната кошаркарска лига.

 

Засега не е јасно дали навистина најавува крај на кариерата или па станува збор за нешто друго. Морант зад себе и покрај сите проблеми одигра сезона во која имаше 26.1 поени и 8.1 асистенции по натпревар.