Пријавени лицата кои крадеа електрични тротинети

Електричните тротинети иако беа воведени за да го олесни функционирањето на нашите сограѓани, сепак дел од нив беа уништени и украдени.  Според некои корисници за твитер, 7 тротинети биде оштетени.

Меѓутоа веќе биле украдени и четири тротинети, според корисниците на социјалните мрежи, иако само за три украдени електрични тротинети има потврда од Министерството за внатрешни работи (МВР).

-Пријавени се лицата кои го украдоа тротинетот и го ставија во багажник. Може да се забележат нивните ликови на камерите. Се знае и кој ги оштетува затоа што апликацијата ги евидентира корисниците. На крај по користењето на тротинетот, се слика и испраѓа во системот за да знаеме како е оставено возилото по користењето, вели директорот на турската компанија „Бин Бин“, Висар Дурак за „ММС“.