Али Ахмети на македонски јазик го честиташе празникот Свети Кирил и Методиј

Во видеообраќање на македонски јазик, претседателот на владејачката ДУИ, Али Ахмети го честиташе Денот на сесловенските просветители – Свети Кирил и Методиј и порача дека во духот на мултикултурализмот имаме заедничка обврска да го негуваме македонскиот јазик.

„Почитувани мои сограѓани, нека е честит денот на словенските просветители Кирил и Методиј! Во нивното дело е израснат и современиот македонски јазик кој претставува израз на посебноста на македонскиот народ и нашите сограѓани Македонци! Во духот на мултиетничкото општество кое заеднички го градиме, да се потсетиме на овој важен ден, дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредиме меѓународната артикулација на македонскиот јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет. Нека е среќен и честит празникот!“ – вели Ахмети.