Прободено со нож 20 годишно момче во Белград

 

Избодено е 20 годишно момче денеска во Белград во земунската населба Алтина при што веднаш е пренесено во болница.

Според неофицијални информации, на момчето му пришле две помлади лица и една девојка, а потоа еден од нив извадил нож и го избодело момчето. Мотивот за нападот се уште не е познат.

Полицијата ги идентификувала сторителите, а според неофицијални информации станува збор за малолетни лица.

И во текот на вчерашниот ден имаше пукање во белградската населба Врачар.

Инцидентот се случил околу 19 часот и 40 минути на улицата „Максим Горки“, кога било застрелано 26-годишно момче, а на улицата „Новопазарска“ во истата населба е пронајдено уште едно момче со прострелни рани, кон кое било пукано исто така на улицата „Максим Горки“.