Лидерот на грчката опозициска партија ПАСОК – Движење на промена, Никос Андрулакис, воопшто не го искористи мандатот за формирање влада и на средбата со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, истакна дека ѝ го враќа бидејќи нема простор за формирање влада, јавува МИА.
ПАСОК – Движење на промена ја освои третата позиција на изборите во неделата.
Претседателката на Грција или ќе свика лидерска средба или телефонски ќе разговара со претседателите на партиите во последен обид да се формира влада со широко мнозинство, што во конкретниот случај ќе биде само формално, за да се запазат процедурите.
Понатаму следи и формирање службена влада која ќе има една и единствена обврска, да ја одведе земјата на изборите што ќе се одржат на 25 јуни.