Пахор: Решение за Косово само ако Вучиќ ја избере ЕУ наместо Русија

Конечно решение за Косово може да се постигне само ако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја избере Европската Унија наместо Русија, вели екс претседателот на Словенија, Борут Пахор.

„На крајот на краиштата, конечното решение ќе зависи од Вучиќ, односно дали тој ќе биде на европска или на руска страна. Ако реши да оди со Русија, нема да има добро конечно решение за косовското прашање. Ако оди на европската страна, порано или подоцна ќе се постигне добар компромис, кој ќе обезбеди дипломатска формална независност на Косово“, истакна Пахор.

Коментирајќи ја Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО), тој истакна дека Косово треба да го формира овој механизам бидејќи, според него, тоа ја зголемува недовербата меѓу Косово и Србија.

Пахор вели дека тој лично секогаш го поддржувал дијалогот меѓу двете страни, за кој вели дека не е совршен, но дава резултати.

„ЕУ и САД имаат исклучително важна и позитивна улога во дијалогот“, нагласи тој.