Лидерот на грчката опозиција Алексис Ципрас денеска на средба со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу го отфрли мандатот за формирање нова влада.
„Во согласност со мојата институционална одговорност, дојдов да кажам дека не можам да прифатам мандат да ја разгледам можноста за формирање влада бидејќи не постои опција за нејзино постоење“, нагласи Ципрас, пренесуваат грчките медиуми.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера одби да формира коалициска влада и му го врати мандатот на Сакеларопол.
Партијата Нова демократија предводена од премиерот Кирјакос Мицотакис освои 40,8 отсто од гласовите на парламентарните избори одржани викендов, додека централно-левичарската партија Сириза освои 20,1 отсто.
Секоја од трите партии, вклучувајќи го и ПАОК, кој е на третото место по број на гласови, ќе добие шанса да се обиде да формира влада, но бидејќи ниту една од нив нема доволно поддршка, се поизвесно е дека ќе се именува администрација во технички мандат и дека најрано 25 јуни ќе биде одреден како датум на новото гласање.