Напаѓачот кој синоќа рани две лица во Белград се товари за две кривични дела

Припадниците на српската полиција доцна синоќа го уапсија Н.Ѓ. (20) поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела тешко убиство во обид и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Тој се сомничи дека синоќа на улица „Максим Горки“ во Белград со истрели од огнено оружје на дваесет и шестгодишен белграѓанец и дваесет и едногодишен Македонец им нанел тешки телесни повреди, а потоа побегнал. Полицијата набрзо го идентификувала и го пронашла.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител.

Двете лица беа ранети синоќа на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“ во Белград. Во пукотницата во Врачар со повреда на десната надколеница се здобил мажот А.П., по што бил префрлен во Ургентниот центар.

Недалеку од таму, во улицата „Новопазарска“ е пронајден уште еден маж со повреда во грбот.